НОВОСТИ
ЕЛИМИНАЦИИ КОИ БОЛАТ
Младинската и кадетската екипа на ФК Пелистер поразени во плеј-офот од државниот шампионат
По освојувањето на националниот Куп во младинска конкуренција талентите на ФК Пелистер, неочекувано се елиминирани во четвртфиналето од плеј-офот на државното првенство од екипата на Цементарница. По ремито 2:2 во Битола во Скопје два ривала играа 1:1, па без пораз, но заради двата примени гола на домашен терен пелистерци се елиминирани. Она што најмногу боли е фактот, што младинците на Пелистер беа убедливо први во регуларниот дел на сезоната, но го платија данокот на играње на многу натпревари во краток период. Сепак екипата на Златко Цветановски ќе остане запаметена по убедливиуот Куп-триумф во мечот со Ренова во Скопје.
Напоредно со неуспехот на младинците и кадетите на ФК Пелистер испаднаа во четвртфиналето од плеј-офот од екипата на Слога Југомагнат. За кадетската екипа хендикеп е тоа што дел од најдобрите играа за младинскиот погон. Од младите категории на клубот само пионерската екипа на Лазе Гаштаров се уште се бори за пехарот државен првак.
ПОРАЗ НА ПОДМЛАДЕНИОТ ПЕЛИСТЕР
СИЛЕКС - ПЕЛИСТЕР 2:1 (1:0)
Четвртиот меѓусебен дуел на Силекс и Пелистер заврши со победа на домаќините, со што во сите дуели сезонава домашниот терен беше предност. Во отворен и допадлив натпревар, први се заканија гостите кои преку брзите Н.Петковски и Момировски се заканија кон голот на Дисиќ.
СИЛЕКС - ПЕЛИСТЕР - статистика
Прва Македнска Фудбалска Лига 33 коло
СИЛЕКС ПЕЛИСТЕР
2-1 (1-0)
Недела
27 Мај 2007 година - 17:00 часот
Стадион во Кратово. Пријатно време (20 степени), одличен терен, 300 гледачи.
Судии:
Главен судија: Дејан Јакимовски (Скопје)
1 асистент: Александар Величковиќ (Скопје)
2 асистент: Сафет Адеми (Скопје)
4 судија: Стојанче Стојанов (Штип)
МЛАДА БИТОЛСКА "ФУРИЈА"
ПЕЛИСТЕР СЕ ЗАКИТИ СО ПЕХАРОТ ВО МЛАДИНСКИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА
ПЕЛИСТЕР - РЕНОВА 3:0 (1:0)
Пехарот од младинското Куп финале отиде во рацете на младите фудбалери на Пелистер. "Зелените" момчиња завчера на "Градски" беа надмоќни, подобри во сите елементи на фудбалската игра против Ренова, која на овој меч имаше многу слаб ден и ниту еднаш не успеа посериозно да го загрози голот на противникот.