headerphoto

Историја На ФК Пелистер - Битoла

FK Pelister Во бурната и долгогодишна фудбалска историја, ФК Пелистер, како име се среќава уште во далечната 1924г. Одтогаш па наваму, клубот ја презентира Битола во Републиката, на просторите на Југославија и во странство.

ФК Пелистер е формиран во далечната 1924г., прво под името Омладина, па Пелистер, па СК Битола, собирајќи ги во своите редови тогашните најталентирани фудбалери: Кого Џима, Кацујани, Темелковски, Хрони, Чомо... Пелистер, повторно под старото име се јавува по ослободувањето во 1945г. за веќе во 1946г. да стане првак во Битолскиот фискултурен округ. Истата година се фузира со Работник, но го задржа името Пелистер. Тогаш неговиот дрес го носеа: Ѓеоргиевски, Димитровски, Т.Петровски, Наумовски, Лазаревски, Шекерџиевски, Аврамовски, Несторов, Ефтимовски
.

За прв пат во Втората лига Пелистер влезе во сезоната 1974/75г.  Тоа беше голем успех на една генерација фудбалери: Грбевски, Дуковски, Цветковски, Ташков, Богоевски, Гочевски, Ристевски, Тристовски, Мицковски, Димовски, Марковски, Упалевски и тренерот Ставре Ефтимовски. Во Втората лига Пелистер не успеа да се задржи подолго време, но сепак се врати во 1982г. Кога на чело на клубот беше Митко Бутлевски и тренерот Иван Чабриновиќ.

firefox За Пелистер во тој период најчесто играа: Димитровски, ЌосиЌ, Грбовиќ,
Канатларовски, Митиќ, Јовичиќ, Хусеин, Китановски, Настевски, Петров...
 Пред распаѓањето на Југославија, пелистер настапуваше и во Првата сојузна лига.
 
Од осамостојувањето Пелистер се натпреварува во Првата Македонска фудбалска лига. Иако пред три години испадна од оваа конкуренција, со ангажирање на фудбалските асови Митко Стојковски и Тони Мицевски, клубот е спасен од колапс и сега успешно настапува во МФЛ.

Во својата историја, ФК Пелистер имал и падови, но и успеси за почит. Во неколку наврати бил шампион на Македонија и успешно настапуваше во Втората лига во СФРЈ. Сепак, вековниот сон да се натпреварува во Првата лига се отствари дури пред распаѓањето на Југославија. Најголем успех на клубот е освојувањето на Фудбалскиот куп ма Македонија во 2000/2001г. и излегувањето на Европската сцена.

Од редовите на Пелистер излезени се звучни имиња кои го прославија и клубот но и Битола на меѓународната сцена: Канатларовски, Китановски, Хусеин, Савевски, Мицевски, Стојковски, Христов ... Затоа Пелистер е познат и како расадник на млади и талентирани фудбалери кои заминаа и заминуваат во разни клубови во Македонија и надвор од неа.