headerphoto

ПОРАЗ НА ПОДМЛАДЕНИОТ ПЕЛИСТЕР

FK PelisterСИЛЕКС - ПЕЛИСТЕР 2:1 (1:0)

Четвртиот меѓусебен дуел на Силекс и Пелистер заврши со победа на домаќините, со што во сите дуели сезонава домашниот терен беше предност. Во отворен и допадлив натпревар, први се заканија гостите кои преку брзите Н.Петковски и Момировски се заканија кон голот на Дисиќ.

Во 9 минута по еден воздушен дуел меѓу Ступиќ и Мојсов, подебелиот крај го извлече домашниот напаѓач, кој облеан во крв ја напушти играта за да се врати по неколу минути комплетно опоравен. Во 20 минута споменатиот Ступиќ упати извореден центаршут, по кој Тодоровски со извореден удар со десната нога ја погоди мрежата на Ников. Пелистер додаде гас по примениот гол и до одморот имаше две стопостотни шанси. Во 35 минута Главевски со глава од одлична позиција биеше за малку крај голот, додека Момировски во 44 минута биеше премлако, па Дисиќ без проблем одбрани. Н.Петковски И Момировски беа актери на прват акција во продолжението. Првиот упати добар центаршуут од десната страна, но Момировски биеше преку голот на кратовци. Во 78 минута конечно беше крунисана добрата игра на Пелистер со израмнување. Најдобриот играч на средбата Николче Петковски изворедно мина подесната страна го проигра дебитантот Благојче Пишмановски кој со ефектен удар ја погоди мрежата на Дисиќ. Сепак само една минута подоцна Силекс се врати во водство. Резервистот Павловиќ искористи еден одпадок и снаодливо ја втурна топката во небранетата мрежа.

Со овој безболен пораз завршува првата сезона на ФК Пелистер по враќањето во елитата. Шестата позиција со 45 бода е тука некаде околу очекувањата на управата на клубот, а единствената жал останува за пропуштената шанса во полуфиналето на Купот со Вардар. Сега следува долг период на одмор во кој Пелистер треба да ја дефинира својата турболентна иднина за в година да се бори за нешто повеќе од шестата позиција.