МЛАДА БИТОЛСКА "ФУРИЈА"
ПЕЛИСТЕР СЕ ЗАКИТИ СО ПЕХАРОТ ВО МЛАДИНСКИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА
ПЕЛИСТЕР - РЕНОВА 3:0 (1:0)
Стадион: "Градски" во Скопје. Гледачи: 1000. Главен судија: Зоран Бошков (Неготино). Помошници: Петре Кодоски (Велес) и Игор Ширилов (Скопје). Делегат: Реџепи Шехар (Куманово).
Стрелци: Ивановски 41', Трифуновски 51', 58' (П).
Ж. Картони: Димоски (П) - Салија (Р).
Играч на натпреварот: Мирко Ивановски.
ПЕЛИСТЕР: Петровски / (85' Гелевски /), Гредовски 3 (77' Димоски /), Најдовски 3, Симоновски 3 (83' Селимов /), Егуменовски 2,5, К. Ристевски 3, Костовски 2,5 (63' Грујовски 2,5), Ивановски 3,5, Г. Ристевски 3 (63' Спировски 2,5), Трифуновски 3 (83' Колевски /), А. Крстевски 3 (77' В. Крстевски /).
РЕНОВА: Џељадини 1,5, Салија 1,5 (60' Зибери 1,5), Бајрами 1,5 (90' Ибиши /), Шасивари 1,5, Џељиљи 1,5 (84' Фазлија /), Бур. Садики 1,5, Иљази 1,5, Фетаи 1,5 (79' Бек. Садики /), Е. Реџепи 1,5 (68' Мамути 1,5), Неби 1,5 (61' Б. Реџепи 1,5), Асани 1,5.
Пехарот од младинското Куп финале отиде во рацете на младите фудбалери на Пелистер. "Зелените" момчиња завчера на "Градски" беа надмоќни, подобри во сите елементи на фудбалската игра против Ренова, која на овој меч имаше многу слаб ден и ниту еднаш не успеа посериозно да го загрози голот на противникот.
Дека младите "пелистерци" имаат намера да го донесат трофејот во своите витрини покажаа уштен а почетокот на мечот кога ја наметнаа иницијативата и имаа шанси веднаш да го откријат резултат. Што ли промашуваа младите фудбалери на Пелистер? Запаметена ќе остане шансата на Трифуновски кој во 29. минута доби одлична топка од Крстевски и од само пет метри успеа да го утне празниот гол. Само минута подоцна одлична можност за истиот фудбалер, овој пат прецизен во горниот десен агол, но Џељадини ја избива топката во корнер. Нападите на Пелистер продолжуваат а отпорот на "гипсарите" беше "скршен" во 41. минута. Најдовски од лево избегна офсајд стапица ја испрати топката во срцето на казнетиот простор, Трифуновски ја пропушта кон Ивановски кој од само пет метри непогрешливо "стрела" во мрежата.
Само што се доби впечаток дека во вториот дел Ренова тргна малку похрабро, по втор пат се тресеше нивната мрежа во 51. минута. Повторно неуспешна офсајд стапица на противникот, акцијата ја почна Ивановски ја додаде топката до Симоновски, овој во празно го пронајде Трифуновски кој излезе сам и пласираше во долниот десен агол. Минута подоцна уште Ристевски сам пред голот на Ренова, Џељадини со многу среќа брани. Во 58. минута беа решени сите дилеми околу победникот. Уште една добра акција на Пелистер по десно Гредовски се проби ја нафрли топката на втората статива кон Крстевски, овој ја врати кон Трфуновски кој повторно прецизен за конечна победа од 3:0. Единствената шанса Ренова ја имаше преку Иљази дури во 77. минута, но Иљази шутираше а нововлезениот голман Гелевски ја одбрани таа топка.
Браво за младите фудбалери на Пелстер кои играа одлично на овој натпревар, а особено Мирко Ивановски кој со својата игра покажа дека станува збор за голем талент. Впрочем не треба да се заборават и другите фудбалери кои "блескаа" во големото финале и сосема заслужено стигнаа до трофејот. За Ренова голем успех е пласманот во финалето, но немаа сили да го освојат пехарот. Потфрлија токму кога беше најпотребно, а нивните обиди со офсајд замки да го спречат противникот завршија со неуспех. Беа пробивани од сите страни на младата и мотивирана екипа на Пелситер па како резултат на тоа дојдоа трите гола во нивната мрежа.
Г. Бошев - Македонски Спорт
ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ:
ЗЛАТКО ЦВЕТАНОВСКИ:
"На почетокот на мечот беше малку тешко нашите млади играчи играа со 'грч'. Но како што одминуваше времето се виде дека ние сме поквалитетна екипа од Ренова и на крајот заслужено победивме. Ова е голем успех за ова млада екипа на Пелистер која има потенцијал за големи предизвици", беа зборовите на кормиларот на Пелистер.
БУЈАР ИСЉАМИ:
"На овој меч не одигравме како што треба. Сме одиграле многу поквалитетни натпревари од овој. Како една од причините за слабата игра е нашето неискуство како млад клуб како и тремата кај играчите кои за прв пат играат еден ваков меч. Потфрливме многу но се надевам дека во иднина ќе има уште многу вакви успеси", потенцираше тренерот на Ренова.