headerphoto

СООПШТЕНИЕ НА ФК ПЕЛИСТЕР
07-03-2007

firefoxПо манирот на сите европски и светски клубови, ФК Пелистер се одлучи на нов проект за достојно информирање, избегнување на шпекулации и директен контакт со своите навивачи и симпатизери. Со почетокот на пролетниот дел од тековниот шампионат во Првата лига, ФК Пелистер направи целосна промена на својата веб страна www.fkpelister.com.mk. Според новиот клубски план, страната содржи нов провајдер, нов дизајн и многу нови содржини, кои веројатно ќе допрат и до вас. Секоја информација поврзана со сениорскиот тим и младите категории ќе можете да ја пронајдете на оваа веб страна, која секојдневно ќе се ажурира од компетентни луѓе блиски до клубот. Така по завршувањето на секој натпревар на нашата страна ќе пронајдете детален извештај, надополнет со изјави на протагонистите, комплетна статистика и занимливости. Исто така пред секој меч во петок попладне ќе бидат познати повиканите фудбалери за неделниот натпревар. Предвидени се интервјуа и разговори со фудбалерите и стручниот штаб, клубски соопштениа, запознавања со противникот, промоција на нови фудбалери и трансфери, а нема да бидат запоставени и младите фудбалери од школата на клубот.
Од стартот на наредната сезона предвидени се нови надополнувања, форум за навивачите и видео клипови од натпреварите на клубот. Со овој начин на работа се надеваме дека клубот ќе биде поблизок до симпатизерите, а и медиумите ќе имаат можност да добијат податоци од прва рака. Администратор и дизајнер на страната е Благојче Кривевски, а истата ја уредува портпаролот на клубот Зоран Мишевски во соработката со клупската управа и стручниот штаб. Се надевам дека професионално ќе соработуваме.

ФК ПЕЛИСТЕР

 

СООПШТЕНИЕ НА ФК ПЕЛИСТЕР
04-03-2007

firefoxНаместо прекрасното второ полувреме, подвигот на 18 годишниот Благојче Главевски, неговите два гола за 35 минути минати на теренот во второто полувреме и организираната игра на Напредок да бидат главна тема по натпреварот Пелистер - Напредок, по мечот протагонисти се луѓето во црно. Главниот судија Ставрев и неговиот помошник Николов во 70 минута од средбата предизвикаа неверојатна забуна, која директно влијаеше на крајниот исход и ги подгреа страстите правејќи тензија на теренот и на трибините. Имено ситуација изгледаше јасно. Штерјовски центрираше од левата страна, гостинскиот голман Угреновиќ со нога го сруши Златко Деловски и Стратев го виде она што го виде целиот стадион пенал за домашните. И додека неумоливо покажуваше на белата точка и веќе го опомена со жолт картон гостинскиот фудбалер Трпеноски стигна изненадувањето. Скоро две минути по првата одлука на главниот судија неговиот втор помошник Николов со астрономско задоцнување го подигна знаменцето покажувајќи офсајд од Деловски. Невозможно е главниот судија и неговиот помошник во две минути да не се погледнат и не ја донесат правата одлука. Најдолгиот офсајд со цели две минути по активната акција се случи вчера во Битола. Па дури и во тие две минути помошникот Николов да имаше ТВ монитор да ја види репетицијата (што е неизводливо, а и недозволено според правилата на УЕФА И ФИФА) ќе направеше груба грешка. Се прашувате зошто? Репетицијата на неколку приватни телевизии потврдува дека, не само што нема офсајд, туку ниту е спорно еден помошник судија да размислува за офсајд.

Ваквата збрка не само што влијае на резултатот, (ситуацијата се случи при резултат 1:1) туку предизвикува нервоза, притисоци, а доколку мечот се играше на некој друг стадион и во не така беспрекорна организација како во Битола дури и насилство и инциденти. И не само што овој детал го направи мечот скоро нерегуларен туку и критериумот и ладната самоувереност на младиот скопски судија внесуваше дополнителен револт. ФК Пелистер е подготвен на дополнително прегледување на ТВ снимката и ќе бара казна за судиската тројка при разоткрирање на спорната 70 минута.

Со овој третман на луѓето во црно по којзнае кој пат не е покажан респект кон еден од најисториските и најкултните Македонски клубови, кој години наназад испишувал дел од мак-фудбалот, а и денес важи за професионален колектив, кој е скоро најпосетуван во Првата лига, а за организацијата и да не се споредуваме со некои од останатите прволигаши. Со достојна почит апелираме наместо за овие детски (се надеваме не злонамерни) болести на мак-судиите да зборуваме за она убавото, а навистина го имаше вчера попладне под Тумбе Кафе.

ФК ПЕЛИСТЕР